Спорт

Фернандо Торес се враќа во Атлетико Мадрид, Черчи заминува во спротивен правец

Фернандо Торес се враќа во Атлетико Мадрид, Черчи заминува во спротивен правец

Иако сите очекуваа дека Фернандо Торес конечно ќе заигра како што му доликува на некогаш еден од најдобрите напаѓачи во светот, сепак ниту во Милан не успеа да покаже барем дел од репертоарот со кој располага.

Токму поради ова, по само шест месеци минати во италијанскиот гигант, Торес најверојатно ќе си замине. Како негова следна дестинација се споменува неговиот матичен клуб, Атлетико Мадрид, и тоа на 18-месечна позајмица, оние останати 18 месеци кои првично требаше да ги помине во тимот на Милан.

Сепак, за Милан да се откаже од услугите на Торес, ќе треба да добие нешто за возврат, а како идеална опција се споменува името на Алесио Черчи, кој иако летово пристигна на Винсенте Калдерон како огромно засилување, има проблеми да се вклопи во тимот и филозофијата на Диего Симеоне. Токму негово враќање во Италија би било идеално и за самиот фудбалер но и за Милан, кој сезонава игра доста променливо, па напаѓач од калибарот на Черчи ќе биде и тоа како добредојден во борбата за место кое води во Лигата на шампионите.

cerci

Во последно време се позачестени се и гласините за евентуален трансфер на Марио Манџукиќ во тимот на Манчестер Сити, па враќањето на Фернандо Торес во Атлетико ќе ја пополни дупката во нападот.