„Фершпед“ предлага пет лица за членови на Надзорниот одбор

Компанијата „Фершпед“ предлага пет членови на Надзорниот одбор, се наведува во Известувањето објавено на Македонска берза.

Предложените лица, како што стои во документот, се Петер Гореншек, дипломиран економист од Словенија, Венцислав Гушев, адвокат од Скопје, Драгослав Димевски исто така од Скопје, како и досегашниот претседател на Надзорниот одбор Штерјо Наков и неговиот син Сашо Наков.

„Сметаме дека со оваа структура на членови на Надзорниот одбор се постигнува соодветна застапеност на носителите на акции, а воедно ќе претставува поттик за консолидирање на интерсите на акционерите и воспоставување реални основи надзорниот одбор овластувањата што ги поседува врз основа на закон и Статут да ги врши во интерес на Друштвото и во интерес на акционерите“, стои во документот објавен на Македонска берза.