Ферстапен го знае знамето на Македонија (ВИДЕО)

Од редовите на тимот на Ред Бул пред главните возбудувања во Монако на интересен начин се одлучија да ги забавуваат своите фанови со тоа што двајцата возачи на тимот, Макс Ферстапен и Даниел Рикиардо одговараа на квиз прашања.

Играта се состоеше од прашања на кои и двајцата возачи даваа одговори, а пред крајот Рикиардо покажуваше фотографии од знамиња, додека Ферстапен требаше да погодува на која држава припаѓаат.

Штом Рикиардо го покажа нашето знаме, младиот пилот веднаш како „од пушка“ одговори дека тоа е Македонија.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=510&v=LsgV7ITPmGk