Спорт

Формула 1 Ферстапен славеше во Мексико, Хамилтон ја потврди титулата

Ферстапен славеше во Мексико, Хамилтон ја потврди титулата

Пилотот на „Мерцедес Мекларен“ Британецот Луис Хамилтон ја обезбеди четвртата титула светски првак во Формула 1, иако на трката за Големата награда на Мексико го освои 9-то место и две т ки пред крајот на сезоната има недостижни 56 бодови пред Германецот Себастијан Фетел.

За потврда на четвртата титула светски првак на Луис Хамилтон му беше потребен пласман меѓу петтемина најдобри за и математички да го осигури трофејот или Себастијан Фетел доа не освои ниедна од првите две позиции. На крајот Фетел беше четврти, и Хамилтон можеше да почне да слави иако беше деветти.

Клучниот момент на трката се случи во третиот свиок кога дојде до контакт меѓу Хамилтон и Фетел. Британецот во незгодата ја дупна гумата, додека Германецот остана без предното крило. Двајцата на крајот од тој круг мораа во боксот, а во продолжението Фетел поуспешно се пробиваше. По 20 кругови беше на 13-то место, а Хамилтон очигледно се мачеше и беше на последната 19-та позиција.

На половината од трката Фетел се проби до 8-то место, додека Хамилтон се качи на 15-то. Дваесет кругови пред крајот, Фетел беше шести а Британецот во тој момент беше 12-ти. На десет кругови до крајот Фетел веќе беше четврти, а Хамилтон десетти. Но повеќе од тоа Германецот не можеше да стори, бидејќи неговото заостанување беше преголемо.

Победник на трката беше Холанѓанецот Макс Ферстапен од тимот на “Ред Бул“ кој ја оствари третата победа во кариерата. До второто место стаса Финецот Кими Рајконен во „Ферари“, а зад Фетел одличен пласман на петтото место имаше Французинот Естебан Окон од „Форс Индија“.

За Хамилтон ова е четврта тутила по победите во 2008, 2014 и 2015 година. По четири титули имаат И Французинот Ален Прост, Германецот Себастијан Фетел, легендарниот Аргентинец Хуна Мануел Фанџо пет пати беше светски шампион, додека рекордер е Германецот Михаел Шумахер со седум титули светски првак.

Две трки пред крајот Хамилтон има 333 бодови, Фетел е втор со 277 бодови, а трет е Ботас со 261 бодови.

Во генералниот пласман за конструкторите води „Мецедес“ со 595, пред „Ферари“ со 455 и „Ред Бул – ТАГ Хеуер“ со 340 бодови.

До крајот на сезоната има уште две трки, Големата награда на Бразил на 12-ти ноември и Големата награда на Абу Даби на 26-ти ноември.