Магазин

Фестивал „Големи и мали деца“

Фестивал „Големи и мали деца“

Во Културниот центар “Феникс“ во Скопје, утре во 12 часот ќе се одржи првото издание на меѓународниот Фестивал „Големи и малидеца“.

По омажите за Видое Подгорец и Томе Арсовски, ќе бидат врачени наградите “Големиот принц“ и “Малиот принц“, односно “Малата принцеза“.

Прв добитник на наградата “Големиот принц“ е истакнатиот македонски писател Александар Поповски.

За ликот и творештвото на Видое Подгорец, Томе Арсовски и Александар Поповски ќе говори проф.д-р Васил Тоциновски.

Потоа ќе настапат поголем број писатели кои пишуваат за деца и млади, а ќе биде награден и еден млад автор кој ќе ја понесе наградата “Малиот принц“,односно “Малата принцеза“.

За наградата за млад автор секоја година ќе се натпреваруваат младите литерати од една Општина во Република Македонија, а овој новопокренат книжевенФестивал за деца и млади во иднина ќе биде традиционален.

На Фестивалот “Големи и мали деца“, исто така, ќе бидат претставени илустрациите за деца и млади на академските ликовни уметници Стојче и ЕмилијаТоциновски.