Фестивал на монодрама во Битола

Од 23. до 29. април во Битола, ќе се одржи интернационалниот „Фестивал на монодрама“ во организација на Центарот за култура од Битола.

На фестивалот ќе се прикажат претстави од Македонија, Русија,  Финска,  Белорусија,  Косово, Босна и Херцеговина,  Бугарија,  Австрија,  Украина,  Црна Гора, Србија и Хрватска.

Фестивалот ќе го отвори претставата „ Аферата Елсинор“, во режија на Љубиша Георгиевски, а  во изведба на Македонски народен театар.

Учесниците на фестивалот ќе се борат за наградата Гран-при, која ќе ја додели меѓународно стручно жири во состав: Ѓорѓи Јолевски од Македонија, Нина Мазур од Германија, Татјана Киктева од Белорусија и Драгана Бошковиќ од Белград. Жирито ќе го предводи претседателката Мими Таневска, една од најпознатите македонски актерки.

Селектор на фестивалот ќе биде актерот од Битолски театар, Петар Мирчевски. Фестивалот ќе го затвори Театар Комедија од Скопје со претставата „Стујардеси“, во режија на Синиша Ефтимов.