Фестивалот „Браќа Манаки“ за Столе Попов е селска изведба

Режисерот Столе Попов на црвениот тепих на фестивалот Браќа Манаки кажал дека тоа е  селска изведба, а бил подготвен и да го гаѓаат со јајца, пишува Вечер.

По вчерашната премиера на филмот „До балчак”, денеска Попов објасни зошто излегол по отворањето на фестивалот пред да почне церемонијата.

“Затоа што сметам дека тоа е селска изведба”, рекол Попов за црвениот тепих.

На тоа, директорката на фестивалот, Лабина Митевска, му рекла дека не е во ред да се навредува, на што Попов одговорил дека не е навредување.

Потоа Лабина иронично му посочила дека не знае дали тој бил на друг голем фестивал, а тој и рекол:
„Не, само вие сте биле”.

На крај Попов се извинил, велејќи дека не сака да навредува, и дека не знаел оти црвениот тепих е само за влегување а не и за излегување. Потоа кажал дека црвениот тепих бил селски поради гостите кои ја покажувале новата гардероба, а не поради Лабина Митевска.

Воедно истакнал деа бил подготвен и да го гаѓаат со јајца.