Фестивалот „Ристо Шишков“ ќе се отвори со претставата „Ќелавата пејачка“

Српскиот театар „Шабац“ со изведба на „Ќелавата пејачка“ по текст на Ежен Јоанеско, ќе го отвори в понеделник, на 8 септември, 22-то издание на меѓународниот театарски фестивал „Ристо Шишков“ во Струмица. Во петте фестивалски денови ќе бидат изведени десет претстави од шест држави.

Околу шеесетина актери, пак, ќе се натпреваруваат за наградата именувана во чест на бардот на македонското глумиште, „Ристо Шишков“. Традиционално, наградата се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра, а за нејзиниот добитник ќе одлучува жири комисија чиј претседател е минатогодишниот лауерат Нико Горшиќ од Словенија.

Фестивалот за отворен ќе го прогласи градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.