Спорт

Фетел ја освои ГН на Унгарија

Фетел ја освои ГН на Унгарија

Германскиот возач во Светското првенство во Формула 1, Себастијан Фетел од тимот на „Ферари“ е победник на трката за Големата награда на Унгарија возена во неделата на патеката Хунгароринг, 11-та трка во сезоната со што Фетел го зголеми своето водство во генералниот пласман за возачи.

Фетел до својата втора победа на Хунгароринг, инаку 46-та во кариерата и четврта оваа сезона, дојде пред двајцата Финци, неговиот клупски колега од „Ферари“, Кими Рајконен кој беше втор, и третиот Валтери Ботас од тимот на „Мерцедес“. Лиус Хамилтон, исто така, од „Мерцедес“, ораше да се задоволи со четвртото место откако во двата последни свиоци на патеката ги одмина Ботас.

Пред летната пауза во првенството, Фетел сега има 14 бодови предност пред Хамилтон. Следната трка ќе се вози на 29 август за Големата награда на Белгија