Фетел ја освои Големата награда на Бразил

Возачот на „Ферари“, Германецот Себастијан Фетел победи во неделата во трката за Светското првенство во Формула 1 за Големата награда на Бразил во Сао Паоло, додека Британецот Луис Хамилтон од „Мерцедес“, кој пред две седмици ја обезбеди титулата, ја заврши трката на четвртата позиција.

Втора во Бразил беше Финецот Валтери Ботас од „Мерцедес“, а третото место му припадна на неговиот сонародник Кими Рајконен од „Ферари“.

Последната трка од сезоната ќе се вози на 26-ти декември во Абу Даби.