Фетел триумфираше во Сингапур и повторно се вмеша во борбата за титула

Фетел триумфираше во Сингапур и повторно се вмеша во борбата за титула

Фетел во саботата се избори за пол-позиција, додека вчера за време на трката извозе доминантно и заслужено се искачи на највисокото место на пиедесталот. Ова е негова 3-та победа сезонава, односно 42-та во кариерата.

Зад Фетел се најде Дани Рикардо со Ред бул, а одличниот викенд за Ферари го надополни Кими Раиконен со третото место. Хамилтон по откажувањето остана на 252 бода, Розберг сега има 211, додека Фетел по оваа победа има 203 бода на своето конто.

Следната трка ќе се вози следната седмица, натпреварувањето за Големата Награда на Јапонија.

Пласман на трката за ГН на Сингапур

1. Себастијан Фетел

2. Дани Рикардо

3. Кими Раиконен

4. Нико Розберг

5. Валтери Ботас

6. Данил Квијат

7. Серхио Перез

8. Макс Ферстапен јуниор

9. Карлос Саинц јуниор

10. Фелипе Наср