Фетел викендов нема да вози квалификациони трки

Возачот на Ред Бул и актуелен првак во Формула 1, Себастијан Фетел, најверојатно е дека ќе ги пропушти официјалните квалификации за Големата награда на САД, која овој викенд ќе се вози во Остин, Тексас.

Поради промена на моторот, Фетел автоматски ќе стартува пет до десет места поназад од освоената позиција на квалификациите, па така во тимот на Ред Бул одлучиле дека најдобро е нивниот возач да не се ни појави на квалификационите трки, со што ќе се зачува моторот на болидот за трката што следува.

Според правилата секој возач кој ќе има поправки на моторот, генераторот, турбо-полначот итн, ќе биде казнет со пет до десет места од местото кое го освоил на квалификационите трки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.