Фетел за малку ќе го прегазеше Раиконен

Тренингот пред трката во Формула 1 за ГН на Монте Карло можеше да мине многу лошо за пилотот на Ферари, Кими Раиконен, кому слабите резултати очигледно му влијаат и на расположението и фокусираноста.

Финецот делуваше замислено на самата патека по која болидите влегуваа и излегуваа од пит-стоп, не забележувајќи дека Себастијан Фетел веќе ги смени гумите и е подготвен да се врати на патеката. За среќа, во близина беше Најџел Хоп од тимот на Ред бул, кој го тргна на страна збунетиот пилоти, кој потоа се упати кон сопствениот пит-стоп.