Фетиши кои најмногу возбудуваат

Фетиши кои најмногу возбудуваат
Фетиши кои најмногу возбудуваат

Во вообичаени околности, фетишите се безопасни. Главно имаат споредна улога во здравиот сексуален живот и колку луѓе, толку чуда, ги има премногу. Скоро секој има своја „слаба точка“, нешто на што е посебно чувствителен, нешто што го доведува до незаборавен секс.

Сепак, во морето на различности, одредени фетиши често се појавуваат во анкети насекаде во светот. Ова се петте најчести фетиши на луѓето:

Пирсинг

Кај лицата помлади од 40 години, пирсингот е чест фетиш, без разликата дали е тоа пирсинг на јазик, усни, брадавици… Овој фетиш ширум светот се смета за возбудлив. Често позади овој фетиш се крие фактот дека понекогаш тие се вклучени директно во предиграта, како што е допир на ладен и тврд метал на топлото и меко тело.

Понедкогаш и други модификации на телесниот изглед, како што се тетоважите, можат да имаат силен еротски набој и да бидат предмет на сексуално обожување кај поединци.

Коса

Малку работи на светот можат да бидат сензуални и еротични на еден префинет начин како раскошната и негувана женска коса.

ac479c27120096d4f6a4fc6411eb4cac

Овој фетиш е чест кај мажите, од очигледни причини. Мажите сакаат женската коса да ги допира по телото, како и за време на сексуалниот чин да ја држат својата партнерка за коса. Некои мажи се возбудуваат само на одреден тип на жени, како бринети, русокоси…

Жените исто така имаат свои слаби точки кои можат да се сместат во оваа група, голем дел од нив па „паѓаат“ на барада од три дена…

Уште еден релативно чест фетиш е црвниот лак за нокти.

Кожа

fetis-2

Овој фетиш е секогаш на врвот на листата на најчести. Кожата, поготово црната, стана нераскинлово поврзана со сексот, поготово ако ја носи жени. Жените пак, се „палат“ на мажи во кожни јакни.

Често е поврзувана со садо-мазо игрите, кожата е фетиш кај кој нема одредена генерација или пол. Кожните пантолони, корсети, чизми се предмети кои често асоцираат и предизвикуваат возбудлив секс. Можеби тоа е поради тоа што кожата делува малку застрашувачки, а малата доза на страв носи неконтролирано возбудување во реалноста.

Освен кожата, чести фетиши се и свилата, крзното и латексот.

Чевли

Чевлите се еден од најчестите фетиши кога се работи за мажите. Мажите најчесто фантазираат на секс со жена која на себе има само пар чевли со вртоглави потпетици.

images (4)

Ако оваа фантазија во рангот на фетиши, тогаш е важно и каква е потпетицата, каква боја се чевлите, дали црвени, црни…, дали се гледаат прстите или не, а има и мажи што ништо повеќе не ги возбодува од жена во кожни чизми надколена.

Стапала

За некои луѓе стапалата се само стапала, ни малку секси. Но, за други, дури и самата помисла на нив предизвикува нописливо возбудување, Сексуално, секако. Истражувањето покажало дека стапалата се на високо место на листата на фетиши, а во анкетите дури и ги поминуваат градите и задникот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.