Фетулах Ѓулен ги загуби пензијата и социјалните права во Турција

Исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого турските власти го обвинија за инспиратор на минатонделниот обид за преврат во Турција, ги загуби пензијата и сите свои социјални права, јави агенцијата Анадолија.

Ваква одлука донесе Службата за социјални грижи на Турција, која го зела на разгледување ова прашање по неуспешниот обид за преврат.

Исто решение службата се очекува да го донесе и во врска на останатите учесници во обидот за државен преврат, од 15 јули, дополнува турската агенција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.