Февруари е женски месец – еве зошто е посебен

Февруари е единствениот женски месец во годината, а многумина тврдат дека токму затоа е превртлив. Има ли вистина во тоа?

Ви откриваме интересни детали за овој месец кои можеби не сте ги знаеле…

1.Февруари е вториот месец според грегоријанскиот календар. Иако злобниците тврдат дека превртливоста на овој месец е поврзан со тоа што овој месец е женски, тоа всушност е поради метеоролошките промени, односно времете кое во овој месец може да варира од исклучителен студ и снег до пролетни температури.

2.Станува збр за најкраткиот месец во годината, кој има 28 дена, а во случај на престапна година еден ден повеќе. За време на историјата забележан е пократок период во Русија, Шведска и Финска, когафевруари имал 30 денови, поради посебното сметање на времето и постепеното преминување од јулијанскиот кон грегоријанскиот календар.

3.Аметист е заштитен камен на личностите родени во февруари. Станува збор за полудрагоцен камен со виолетова боја, а симболизира убавина и префинетост. Аметистот е камен на смиреноста, задоволството и среќата кој ги отстранува негативните чувства.

4.Љубичицата е заштитен цвет на февруари идоаѓа во разни нијанси од изразена сина до кремасто жолта, а претставува симбол на верноста и покорноста.