ФФМ донираше опрема на 114 екипи во младинските конкуренции

Фудбалската федерација на Македонија им донираше опрема (спортска опрема и фудбалски топки) на екипите од Супер и Првата лига (пионери, помлади пионери, кадетска и младинска конкуренција).

Во просториите на „Куќата на фудбалот“ донација примија претставници на повеќе од 100 екипи кои се натпреваруваат во системот на Фудбалската федерација на Македонија.

-Ние го реализираме тоа што го прифативме како наша обврска. Развојот на младинскиот фудбал е приоритет и ќе се обидеме и во иднина да им ја дадеме целосната поддршка и помош на клубовите кои посветуваат големо внимание на фудбалската иднина. Доколку сегашноста им припаѓа на денешната генерација фудбалери, нема дилема дека нашиот влог и заложба ќе се движат во насока на развојот на фудбалот од најмалите категории, се до почетокот на професионалнта кариера – истакна Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

Секој од 114-те клубови кои примија донација имаат по 20-ет комплета спортска опрема (дресови, шорцеви, чорапи) и по 15-ет ЈАКО фудбалски топки.

http://ffm.mk/media/inline/2015/05/PET_8230.JPG

-Ова е одлична работа, многу сме задоволни од опремата која ја добивме, посебно од фудбалските топки. За сите младински тимови е значајно кога има некој што може да им помогне. Голема благодарност до Фудбалската федерација на Македонија од името на ФК Вардар, изјави Кристијан Ристески, координатор на млади категории.

-Голема благодарност, добивме значајна донација во опрема и топки од Фудбалската федерација. Се надевам дека и ние преку начинот на кој го негуваме фудбалот од најмали нозе придонесуваме да се подигне квалитетот. Се надевам дека и во иднина ќе ја добиваме потребната поддршка од Федерацијата која е значајна за нас и за младите деца кои тренираат фудбал, вели Наумче Љамчевски, ФК Пелистер.

-Ни претставува задоволство што денеска примивме опрема и топки за потребите на ГФК Гостивар. За нас ова е многу значајно, за прв пат добивме квалитетна опрема за сите младински категории. Се надевам дека во иднина ќе соработуваме и на други полиња со цел да придонесеме за развој на младинскиот фудбал во целата држава, изјави Ерџан Менга од ГФК Гостивар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.