ФФМ го суспендираше Александар Васоски

Александар Васоски е казнет еден месец поради влетување на терен за време на натпреварот Ф.К. Тетекс – Ф.К. Вардар од 4-то коло на ПМФЛ.

Со оваа одлука, асистент тренерот на Сергеј Андреев, Александар Васоски до 25-ти септември, нема да биде во можност да извршува било каква функција поврзана со фудбалскиот спорт.

За оваа одлука на дисциплинската комисја на ФФМ, Ф.К. Вардар нема да поднесе жалба и помошникот тренер ќе ја одработи оваа суспензија.