ФФМ ќе ги награди младите фудбалери со 200.000 евра

По победата над Шкотска, но на гостински терен, кога нашите шанси за пласман на европското во Полска сериозно се зголемија, од ФФМ најавија дека нашите млади фудбалери ќе бидат наградени со 200.000 евра.

Откако нашите момци синоќа над истата селекција забележаа победа и се пласираа на Европското првенство во Полска, бројка од 200.000 евра е потврдена, но нема да биде ништо чудно федерацијата дополнително да го „одврзе ќесето“ и на оваа цифра да додаде уште нешто.