ФФМ ќе ги донира приходите од натпреварот Македонија – Португалија

Фудбалската Федерација на Македонија ќе ги донира сите приходи од претстојниот натпревар на репрезентацијата до 21 година помеѓу Македонија и Португалија за погодените од катастрофалните поплави во Србија, БиХ и Хрватска.

Натпреварот ќе биде одигран на 23.05.2014 година на Националната Арена Филип Втори во Скопје со почеток во 18.00 часот, а билетите по симболична цена од 50 денари се веќе пуштени во продажба низ продажната мрежа на МК Тикетс

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.