ФФМ одлучи, тренинг центарот ќе се вика „Петар Милошевски“

Тренинг центарот на ФФМ кој се наоѓа во населбата Ново Лисиче ќе го носи името на поранешниот репрезентативен голман и директор на репрезентацијата Петар Милошевски.

Челните луѓе на Фудбалската федерација на Македонија одлучиле фудбалските терени кои се наоѓаат до „Куќата на фудбалот“ во иднина да се викаат „Петар Милошевски“. Како што е познато, поранешниот македонски голман загина во сообраќајна несреќа во март оваа година на автопатот Куманово-Скопје.