ФФМ “пресече” – Љубинко Друловиќ е нов селектор на Македонија

Српскиот стратег Љубинко Друловиќ ќе биде новиот селектор на Македонија објави весникот “Македонски спорт”.

Повикувајќи се на свои извори, весникот наведува дека одлуката е веќе донесена, а Фудбалската федерација на Македонија во текот на денешниот ден треба да ја официјализира соработката со Друловиќ, по што официјално ќе биде соопштено на јавноста.

Србинот го победи својот сонародник Милован Рајевац и Бугаринот Љубисав Пенев во трката за клупата на нашиот национален тим.

УО на ФФМ почнува во 14 часот во Велес каде што се очекува верификација на новиот предводник на нашиот национален тим.

Друловиќ во минатото играше за репрезентацијата на Југославија, а постигна и погодок во квалификацискиот меч против Македонија во Скопје во 1999 година, пишува “Македонски Спорт”.

Најголемиот успех на Друловиќ беше златото освоено со селекцијата на Србија на ЕП во 2013-та година за играчи до 19 години.