ФФМ со апел за мотивациски пораки

Поддршката од фановите е особено важна за македонските фудбалски репрезентативци. Позитивната енергија и мотивацијата можат и да влијаат на конечниот резултат на еден натпревар.
ffm-ffm

За да се оствари комуникација со фановите, да се поттикне нивната креативност, но и да се даде можност на секој поединец да ја напише својата мотивирачка порака, ФФМ креираше Фејсбук апликација преку која фудбалските фанови ќе имаат можност да ги напишат и да ги објават своите најдосетливи пораки и да ги мотивираат своите херои на теренот.

Апликацијата е прикачена на фан страната на ФФМ каде фановите можат да ги споделуваат своите пораки, кои ќе бидат видливи за сите и да собираат лајкови!

ffm-ffm

Најдобрите и најлајкуваните дваесет мотивирачки пораки ќе добијат билети за натпреварот Македонија – Белорусија кој ќе се одржи на 27 март, а ќе бидат поставени и во соблекувалната на нашите репрезентативци, како и на автобусот со кој тие патуваат!

Од тие дваесет пораки македонските репрезентативци и селекторот Бошко Ѓуровски ќе изберат една главна порака, која ќе биде наградена со дрес од фудбалската репрезентација на Македонија, а секој од стартните 11 фудбалери ќе одбере своја омилена мотивирачка порака, која ќе биде испечатена на опремата со која тренира.

Апликацијата е активна, па размислете што би било најмотивирачко за нашите фудбалери во мечот против Белорусија и пишете го ТУКА