ФФМ, стручниот штаб и репрезентативците со поддршка за Адеми

Стручниот штаб и репрезентативците со поддршка за Адеми

Адеми вчера замина за Загреб откако падна на допинг-тест направен по мечот на Динамо и Арсенал во Лигата на шампионите, па сега е во аут додека не бидат познати резултатите од Б-тестот.

ФФМ, стручниот штаб и целиот состав на репрезентацијата му изразува целосна поддршка на Аријан Адеми, кој ги потврди своите човечки и фудбалски вредности во минатото. Секогаш бил со репрезентацијата, се однесувал како вистински професионелец. До завршување на постапката не смее да коментираме, рекоа од ФФМ.

Ванче Шиков, репрезентативецот и стандардниот стопер на националниот тим исто така ја потврди поддршката за Адеми во име на сите репрезентативци.

Веста сите не шокираше. Дај боже овој Б-тест да биде негативен и пак да го имаме Адеми со нас, рече Шиков.