ФФРМ: Промоција на повеќедомензионалната анализа за сиромаштијата

Федерација на фармерите на РМ, во соработка со Македонската платформа против сиромаштија во вторникот со почеток во 11 часот во Канцеларијата за млади на општина Центар, ќе ја промовира Повеќедимензионална анализа за сиромаштија со посебен осврт на руралната сиромаштија.

Извештајот претставува прв обид преку статистички податоци да се опише ова важно прашање во Македонија и истиот се заснова на официјални извори на податоци.
Анализата е направена врз основа на мултидимензионалната алатка развиена од Шведската Интернационална Агенција за соработка (Сида) и е користена како алатка за развој на голем број на стратегија на меѓународни организации во делот на нивна интервенција за борба против сиромаштијата.

Извештај го изработи Федерацијата на фармерите на Република Македонија во партнерство со Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ во Скопје и во консултација со Македонската платформа против сиромаштија.

Анализата е дел од активностите на проектот „Институционална подршка на ФФРМ“, подржан од шведската WE Effect. На настанот се поканети невладини организации кои се занимаваат со оваа проблематика и кои можат да дадат придонес за нејзино надминување. Изјава за медиуми во 11 часот пред самиот почеток на настанот.