ФИБА ги објави кандидатите за организација на олимпискиот квалификациски турнир

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) денеска ги објави имињата на десетте земји кои изразија подготвеност да организираат квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Рио.

За организатори на турнирот се пријавија Чешка, Србија, Иран, Израел, Италија, Мексико, Филипини, Германија, Турција и Грција.

ФИБА информира дека ќе се бира на основа на пет критериуми:

-најдобри услови за играчите,
-искуство со организација,
-инфраструктура,
-промовирање на кошарката,
-комерцијални аспекти.

Квалификацискиот турнир од 4 до 10 јули следната година ќе се игра во три групи со по шест репрезентации и само победниците ќе обезбедат виза за Олимпијадата во Рио де Жанеиро.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.