„Фич“ по десетти пат го потврди кредитниот рејтинг на Македонија

Десетта година по ред кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија. Како база за својата оценка  кредитната агенција ги зема растот на бруто домашниот производ и општествениот развој на земјава за кои вели дека  се „над ББ просекот“, па така кредитниот рејтинг на земјата и годинава изнесува ББ+.

„Фич“: Бизнис климата во Македонија е исклучително поволна

Според оценките на „Фич“ , бизнис климата во Македонија е исклучително поволна и Агенцијата наведува дека земјава е помеѓу најдобрите 30 економии во светот за водење бизнис според ранг листата на Дуинг Бизнис.

„Фич“ во својот извештај го нотира и намалувањето на невработеноста за 10 отсто, односно од 37 отсто во 2005 година на сегашните 27 отсто.

Според „Фич“, банкарскиот сектор во Македонија е добро капитализиран и високо ликвиден
Според „Фич“, банкарскиот сектор во Македонија е добро капитализиран и високо ликвиден

Според „Фич“, банкарскиот сектор во Македонија е добро капитализиран и високо ликвиден, а во оценката се земаат во предвид и двете банки кои се во грчка сопственост.

Ризик е домашната политичка ситуација

Според „Фич“ ризик претставува домашната политичка ситуација, за која очекуваат да се надмине со спроведување на договорот потпишан под покровителство на комесарот Хан.

Според прогнозите на „Фич“ , Македонија и во иднина ќе продолжи да води стабилна фискална и монетарна политика, а трговските партнери на Македонија во ЕУ ќе продолжат со закрепнување што ќе влијае поволно на надворешно трговската размена, пренесува МИА.

„Фич“ по десетти пат го потврди кредитниот рејтинг

Инаку, Македонија е една од ретките земји во регионот и пошироко која успеа да го задржи истиот кредитен рејтинг толку долг период.

„Фич“ по десетти пат го потврди кредитниот рејтинг
„Фич“ по десетти пат го потврди кредитниот рејтинг

Додека за Македонија по десетти пат кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг ББ+, само за потсетување, минатата и оваа година Агенцијата го намали кредитниот рејтинг на повеќе земји, како што се Хрватска, Србија, Турција, Бугарија, Словенија, Русија и други земји.