„Фич“ одреди негативен кредитен рејтинг за Грција

Агенцијата „Фич“ го постави долгорочниот кредитен рејтинг на Грција „Б“ на преразгледување со „негативна“ прогноза, објави МИА.

Според агенцијата, периодот на политичка неопределеност ги зголемил ризиците за кредитната способност на Грција. Можното отворање на пристапот до финансискиот пазар може да биде одложено за неколку месеци.

Објавувањето на предвремени парламентарни избори на 25 јануари ја направило насоката на грчката политика понеопределена, смета агенцијата.

„Фич“ истакнува дека малку е веројатно да продолжи периодот на политичка неопределност, но претставува ризик за враќање кон рецесија.