Фицо бара итен самит на ЕУ по нападите врз жени во Германија

Фицо бара итен самит на ЕУ по нападите врз жени во Германија
Фицо бара итен самит на ЕУ по нападите врз жени во Германија
Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска на прес-конференција во Братислава побара свикување на вонреден самит на Европската Унија, поради нападите врз жени во неколку германски градови на новогодишната ноќ.

 Основното решение е да се запре приливот на мигранти во ЕУ, рече Фицо, додавајќи дека поради настаните кои се случуваат во Европа треба да се реагира соодветно.

Притоа тој оцени дека „постои врска“ меѓу мигрантите и тероризмот, како и поврзаност со неодамнешните напади.

 Не можам да не повторам дека ни врз основа на задолжителните квоти, па дури и со доброволниот придонес не можеме да дозволиме во Словачка да дојдат неколку илјади мигранти наеднаш… Не е можна природна интеграција, што се покажа во други земји на ЕУ, рече претседателот на словачката Влада.

Тој, потенцира дека осомничените за нападите на жените се главно мигранти, што го потврдуваат и информациите на разузнавачките служби.

Фицо вчера изјави дека смета оти ако нападите во Париз не успеаја да му „отворат очи“ на народот во Словачка, тоа ќе го направат случувањата во Германија.

 Тие случувања треба да бидат одговор за оние кои велат дека мигрантите со поинаква религија може да бидат лесно интегрирани. Не можат, тоа едноставно не функционира, изјави Фицо, додавајќи дека безбедносните ризици се огромни. 

Ова е вознемирувачка снимка од нападите на мигрантите врз жени за време на новогодишната ноќ:

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.