Фицо: Доколку САД ги укинат санкциите против Русија, истото ќе го стори и ЕУ

Европската унија ќе ги укине санкциите против Русија, доколку тоа го сторат САД, изјави денеска словачкиот премиер Роберт Фицо, јави ТАСС.

Според него санкциите се сосема бесмислени и им нанесуваат штета на интересите на европските земји.

– Сметам дека ако САД ги укинат санкциите, истото ќе го стори и ЕУ, Ние си дадовме автоголови, рече Фицо.

Словачкиот премиер истакна дека е неопходно да биде прекинато „насилното извезување на идеалите на ЕУ и САД во трети земји“.

– Ликвидирањето со воена сила на одредени политички режими е политика без перспектива. Секоја држава има право да избира како ќе управува со сопствените внатрешни работи, додаде тој.