Фида ги презентираше можностите за инвестирање во Македонија пред холандски компании

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија, Висар Фида во Хаг оствари средба со висок претставник од Холандската агенција за странски инвестиции на која што беше дискутирано за потенцијална идна соработка помеѓу двете агенции.

На средбата се разгледани можностите за реализирање на заеднички проекти помеѓу двете агенции како и можностите за пренесување на дел од практиките што Холандската агенција за странски инвестиции ги практикува во своето досегашно 35 годишно работно искуство, во кое има поддржано илјадници компании од целиот свет кои веќе имаат основано свои бизниси во Холандија.

Посетата на Холандија, директорот на Агенцијата Висар Фида ја искористи и за остварување на средби со неколку холандски компании на кои им беа презентирани можностите за инвестирање во Македонија. Компаниите со кои се остварени средбите се од областа на хортикултурата, семенарството од Ротердам и компании од автомобилската индустрија од Ајндховен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.