вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 58

Фиданка Рајевска нов член на Советот на јавни обвинители

Во Комисијата што го спровела гласањето биле Сашо Василевски, претседател, Арбер Исаку, член и Љубомир Јовески, член.

sovet

Последни вести

Изборната Комисија при Советот на јавните обвинители на Република Македонија спороведе гласање на кое Фиданка Рајевска, јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, е избрана за член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија од општата листа на кандидати од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје,  Изборно место бр. 3.

Како што соопшти Советот на јавните обвинители на Република Македонија, во Комисијата што го спровела гласањето биле Сашо Василевски, претседател, Арбер Исаку, член и Љубомир Јовески, член.

На гласањето Рајевска добила  38 гласа, а Елизабета Павловска – јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје, која, исто така, била кандидат за член на Советот,  добила 36 гласа. 

Најчитани вести