Свет

Фидел Кастро денеска го слави 88. роденден

Фидел Кастро денеска го слави 88. роденден

Поранешниот кубански претседател Фидел Кастро, денеска слави 88 роденден и по тој повод реновирана е куќата во која се родил во гратчето Биран, на истокот на Куба, јави кубанската државна телевизија.

Градежните зафати во куќата каде што Фидел и неговиот помлад брат Раул се родени траат веќе неколку недели.
Со реставрацијата се опфатени повеќе од 800 музејски предмети, како и семејниот храм каде што има 28 хектари земја на кој се наоѓа овоj историски комплекс кој од 2009 е прогласен за народен споменик.

Фидел Кастро ја предводеше комунистичката револуција во која беше симната од власт претседателот на Куба, Фулхенсио Батиста, 1 јануари 1959 година и управуваше со земјата до 2006 година кога поради тешка болест ги пренесе овластувањата на помалиот брат Раул, роден 1932 година.