Фидел Кастро: Не ни се потребни никакви подароци од САД

Фидел Кастро: Не ни се потребни никакви подароци од САД
Фидел Кастро: Не ни се потребни никакви подароци од САД

Поранешниот кубански претседател Фидел Кастро во денеска објавен авторскит текст покажа дека и натаму се противи на приближувањето меѓу Вашингтон и Хавана, нагласувајќи дека на неговата земја „не и се потребни никакви подароци од САД“, пренесуваат француските медиуми.

Медиумите на островот наведуваат дека 89-годишната икона на кубанската револуција не беше видена во текот на минатонеделанта историска посета на американскиот претседател Барак Обама на комунистичкиот остров, што беше претставена како напор за зацврстување на нормализацијата на билатералните односи.