ФИФА бара цврст доказ дека е наместен дуелот Хрватска – Камерун

Светската фудбалска федерација (ФИФА) побара одгерманскиот весник Шпигел да достави цврсти докази за наводите дека на Мундијалот во Бразил имало неколку наместени натпревар, а во прв план е дуелот помеѓу репрезентациите на Хрватска и Камерун.

Германскиот весник објави разговор со осуденикот за местење мечеви, Вилсон Перумал кој предвидел дека Камерун ќе загуби од Хрватска со 4:0, но и дека во првото полувреме претставникот на Африка намерно ќе остане со играч помалку.
Директорот за безбедност на ФИФА Ралф Мушке изјавил дека таквите пишувања го довеле во прашање интегритетот на Мундијалот и дека станува збор за сериозно обвинување.

“ФИФА ги следеше сите досегашни натпревари на Светското првенство и нема индиции дека имало било какви манипулации при обложувањата на било која средба”, изјавил Мушке.

Против германскиот весник се сврти и Вилсон Перумал кој сега негира дека ги предвидел деталите објавени во Шпигел.