Балкан

ФИФА доделува два милиони долари помош на Балканот

ФИФА доделува два милиони долари помош на Балканот

Сеп Блатер, претседателот на ФИФА синоќа на отворањето на 64-от ФИФА Конгрес, изјави дека фудбалската организација ќе донира пари за земјите кои на Балканот биле погодени од поплавите.

Финансискиот одбор одлучил, најголемата светска фудбалска куќа да донира два милиони долари за Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска и Романија. Парите треба да бидат наменети за обновување на фудбалските инфраструктури кои се уништени во поплавите во овие земји.