ФИФА го казни јапонскиот судија кој ја оштети Хрватска

Јапонскиот судија Јуичи Нишимура немоа повеќе да биде главен арбитар на натпреварите на Светското првенство во Бразил, одлучила ФИФА. Тој на вечерашниот натпревар меѓу Хондурас и Еквадор ќе биде четврти помошник на главниот судија Бенџамин Вилијамс од Австралија.

Официјално ФИФА не соопштува дали ваквиот чекор е преземен поради лошото судење на Нишимура на првиот натпревар од Мундијалот, меѓу домаќинот Бразил и Хрватска. На таа утакмица јапонскиот арбитар му подари пенал на Бразил, а спорен беше и моментот кога Неимар во првото полувреме со лакт го удри хрватскиот фудбалер Лука Модриќ.

Инаку, ФИФА им додели прецизни упатствија на судиите, пред почетокот на светското првенство, дека секој удар со лакт мора да го казнуваат со црвен картон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.