ФИФА го прими Косово

Светската фудбалска федерација (ФИФА) со мнозинство гласови го прими Косово за полноправна членка. Косово неодамна доби статус и член на УЕФА, а синоќа на Конгресот на ФИФА во Мексико Сити стана 210-членка во семејството на фудбалските организации.

Од вкупно 205 присутни членови на Конгресот, 164 гласови биле валидни, а за прием на Фудбалскиот сојуз на Косово 141 гласале „за“, додека 23 членови биле против.

Покрај Косово, на Конгресот во Мексико Сити член на ФИФА стана и Гибралтар, што значи дека овие две селекции ќе учествуваат во квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија.