ФИФА го скрати списокот на кандидати за “Златната топка”

ФИФА го скрати списокот на кандидати за освојување на Златната топка

Покрај шпанските гиганти, свои кандидати во овој скратен список имаат и Баерн, Јувентус, Челзи, Арсенал, Манчестер Сити и ПСЖ.

Сепак, главните кандидати за освојување на оваа престижна награда се Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Меси со Барселона се закити со тројна круна, додека Роналдо ја освои “Златната копачка”, а стана и најдобар стрелец во историјата на Реал Мадрид.

Гласањето за добитникот на “Златната топка” ќе биде отворено на 26 октомври, а ќе заврши на 20 ноември.

Десет дена подоцна, ФИФА ќе ги објави имињата на тројцата финалисти, а добитникот на оваа награда ќе се знае на 11 јануари на гала церемонијата во Цирих.

Освен добитникот на “Златната топка” во машка конкуренција, ќе се бира најдобра фудбалерка, најдобар тренер, најубав гол итн.