Спорт

ФИФА воведува четврта замена

ФИФА воведува четврта замена

Светската “куќа на фудбалот”, ФИФА има сериозни намери да воведе револуционерна промена, односно да дозволи четврта измена на еден натпревар.

Таа измена би била дозволена само во продолженијата, со што ќе им се помогне на фудбалерите за време на настапите на големите натпреварувања, каде често пати токму во тие продолженија доаѓа до премореност кај одредени играчи, а често пати се соочуваат и со повреди, грчеви итн.

За предлогот ќе се одлучува на 28-ми февруари, на состанокот на Интернационалниот одбор на фудбалски асоцијации, а доколку се усвои, новото правило ќе стапи на сила од јули оваа година.