Фифи почна терапија за промена на полот

Македонскиот пејач Филип Јанески, во јавноста попознат како Фифи, реши да го промени полот. Досега честопати се зборуваше за неговата трансформација, а сега Фифи ја потврди оваа информација.

Фифи сега и официјално ја доби потврдата дека е транс жена со која ќе може да ја започне својата трансформација и да започне со терапиите за промена на полот. Оваа потврда Фифи ја објави на својот Фејсбук профил.