Фиго: Шпанија нема да биде светски шампион

Легендарниот репрезентативец на Португалија, Луис Фиго е убеден дека актуелниот светски и европски шампион, селекцијата на Шпанија нема да ја одбрани светската круна на престојниот Мундијал во Бразил.

„Ова е мое лично мислење. Според мене, Шпанија нема да ја освои светската титула на престојниот Мундијал во Бразил. Мислам дека го немаат потребниот квалитет. Ќе им биде многу тешко, но не и невозможно. Бразил е фаворит број еден, Бразил е во предост поради домашниот терен, поради подршката од најверните фанови. Одлично го познавам селекторот на Бразил, Луис Филипе Сколари. Неговото искуство може да се покаже како пресудно кога е во прашање еден ваков репрезентативен турнир. Ќе им биде многу тешко на сите репрезентации кои за противник ќе ја имаат селекцијата на Бразил”, изјави Фиго.