Фијаско на СДСМ: Во Прилеп 5 пати помалку луѓе од ВМРО-ДПМНЕ во Тетово

Најголемата опозициска партија СДСМ денеска доживеа уште едно фијаско.

Во Прилеп, општина со регистрирани 63 илјади гласачи, каде СДСМ на последните избори одржани пред помалку од една година освои 16.800 гласови, денес успеа да извади околу 800 свои симпатизери и поддржувачи.

Наспроти тоа, владејачката ВМРО-ДПМНЕ паралелно одржа трибина во Тетово каде иако е познато дека мнозинството гласачи се Албанци, таму се собраа околу 4.000 илјади граѓани кои изразија поддршка на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Соодносот и во услови кога се прави паралела помеѓу Тетово и еден Прилеп каде мнозинството се Македонци е 5 спрема 1 во корист на ВМРО-ДПМНЕ, односно владејачката партија успеа да собере 5 пати повеќе граѓани на митинг во Тетово, споредено со СДСМ во Прилеп.

Ова е јасен показател дека граѓаните не го поддржуваат Зоран Заев и СДСМ. Социјалдемократите со очајно слабата посетеност на митингот во Прилеп покажаа дека не успеаа да го мотивираат ниту сопственото членство да излезе и да изрази поддршка.

Партиски извори велат дека прилепското фијаско предизвикало револт и во самото СДСМ, особено во раководните структури. Дебаклот на СДСМ се должи пред се на нивната деструктивна политика која во изминатиот период се покажа дека не само што не носи резултати, туку делува контрапродуктивно и таквото однесување го осудува народот.

Најголемата опизициска партија многу одамна не зборува за проекти и мерки, наместо тоа ВМРО-ДПМНЕ токму својот фокус го насочува кон она што СДСМ целосно го запоставува и игнорира, а тоа се позитивни мерки во интерес на народот.

Повисока социјална помош, повисоки стипендии, повисоки плати за полицајците, таблети за студентите, поволни мерки за вработувања, покривање целосно на штетите од невремето се само мал дел од проектите кои ги презентираше ВМРО-ДПМНЕ на своите трибини.

Дека одговорот со позитивни бомби од ВМРО-ДПМНЕ на негативните бомби на Заев, кои според многумина аналитичари се антидржавно однесување, наоѓа на одличен прием од гласачите говори и токму последната паралела каде СДСМ во еден Прилеп со 63 илјади гласачи собра едвај 800 луѓе на партиски собир.  Наспроти ова, ВМРО-ДПМНЕ во Тетово собра 5 пати поголема поддршка од СДСМ.

Ова укажува и на тоа дека бомбите на Заев освен за храбрење на раководството на СДСМ не предизвикува никаков ефект кај граѓаните, дури и меѓу членството на СДСМ, како и тоа дека граѓаните единствено се заинтересирани за мерки и проекти кои ќе го подобрат нивниот секојдневен живот и стандард.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.