Фил Џексон нов менаџер на Њујорк Никс

По интензивните преговори со сопственикот на Њујорк Никс, легендарниот тренер Фил Џексон прифати да биде генерален менаџер на екипата од Големото јаболко. Кaко што пренесуваат американските медиуми, Џексон ќе стане нов генерален менаџер на Њујорк, на чија функција ќе го наследи Стив Милс.

Практично се е договорено . Остана само да финaлизираат уште некои ситници во наредните денови , но во суштина веќе се е готово. Во Њујорк се сигурни дека работата е завршена и дека добиле голем член на стручниот штаб, наведе извор близок до клубот.
Истито извор наведе и дека официјалното соопштение за нивната официјална соработка тимот ќе објави наредната недела , како и тоа дека Никси немаат страв откако медиумите објавија шпекулации дека во последен момент Лејкерси би можело да го преземат “Господарот на прстените”.