Филаделфија и понатаму без победа

Филаделфија го претрпе 16 пораз во НБА лигата и остана единствената екипа што досега не успеа да обезбеди победа сезонава. Далас ги надигра 76-ките со 110:103. Во редовите на Филаделфија Мајкл Картер-Вилијамс постигна „трипл дабл“: 18 поени, 16 асистенции и 10 скокови, но без ефект бидејќи неговиот тим повторно загуби. Домашниот тим го надмина неславниот рекорд во клупската историја кога на почетокот од сезоната 1972/73 доживеа 15 порази.

Атланта го демолира Шарлот со 30 поени разлика, а Перо Антиќ во деветиот пораз на „јастребите“ не доби шанса да заигра.

Резултати:

Филаделфија – Далас 103:110

Вашингтон – Њу Орлеанс 83:80

Атланта – Шарлот 105:75

Кливленд – Индијана 109:97

Јута – ЛА Клиперс 96:112

Милвоки – Хјустон 103:117