Филаделфија надомести 24 разлика за победа над Мајами

Изминатата ноќ во НБА лигата беше одбележана со победата на Филаделфија 76ерс чиишто кошаркари на домашен терен успеаја да надоместат разлика од 24 поени и на крајота да слават против Мајами Хитс со 104:102.

Сиксерс третата четвртина направија серија од 12:0 со којашто се вратина во натпреварот, а оваа делница ја добија со 34:19, а во последната четвртина ги надиграа Хитс со 31:21. Џеј Џеј Редик го погоди противничкиот кош на 20 секунди пред крајот за водсто на Филаделфија од 102:99, Мајами во следниот напад имаше можност да израмни но Вејн Елингтон не погоди за три поена.

Сиксерс играа без Џоел Ембиид, а се истакна Дарио Шариќ со 19 кошеви и 8 скокови, а го следеа Џеј Џеј Редик 14 поени, а Бен Сајмонс го оствари шестиот „трипл-дабл“ сезонава со 18 поени, 12 скокови, 10 асистенции и 4 украдени топки. Најдобар кај мајами беше Џејмс Џонсон со 22 копеви, додека Горан Драгич постигна 18.

Ова е деветта победа на домашен терен во низа за Сиксерс, што е нивна најдолга победничка серија од 2008 година. Филаделфија сега со сооднос на победите и поразите од 30 наспроти 25 го зазема седмото место во Источната конференција, пред осмиот Мајами.

Орландо Меџикс доживеа домашен пораз со 102:104 од Шарлот Хорнетс. Марио Хезоња беше најефикасен кај Меџикс со својто втор „дабл-дабл“ сезонава со 21 кош и 10 скокови. Двајт Хауард за Шарлот постига 22 поени со 13 скокови.

Хорнетс имаа двоцифрена преднсот во тратата четвртна за во последната таа разлика да се стопи. Шарлот повторно дојдоа во водство на три минути пред крајот по полагањето на Хауард и кошот и дополнителното слободно фрлање на Џеремни Ламб за 96:94 на малку повеќе од две минути до крајот. Орландо одговори со слободно фрлање и полагње на Бизмек Бијомбок но пота Кембва Вокер погоди „тројка“, како и Николас Батам за последното водство и понеда на Шарлот.

Орландо е на 14-то место во Источната конференција со сооднос 18 победи и 39 порази.

Индијана Пејсерс на гости со 108:103 беа подобри од Бруклин Нетс. Виктор Одалипо за 14-та победа во 20-те одиграни мечеви за Индијана постигна 25 кошеви, а најдобар кај Нетс беше Ален Крејб со 24 поени. Индијана е шестата екипа на Истокот со 33 победи и 25 порази.

Њу Орлеанс Пеликанс ги победија Лос Анџелес Лејкерс со 139:117. Најдобар играш на мечот беше Ендони Дејвис со 41 кошеви и 15 скокови, а за третата последователна победа на Пеликанс продонесе и Џру Холиеј со 24 поени и 11 асистенции. Лејкерс, кои се на 11-то место во Западната конференција со 23 победи и 33 порази, ги предводеше Кајл Кузма со 23 поени.

Јута Џез дома со 107:97 славеа против Феникс Санс, и ова е нивна 11-та победа во низа, а до неа ги водеше Донован Мичел со 24 поени. Девин Букер беше најдобар стрелец Феникс со 28 кошеви, додека Џош Џексон додад 22. Ројс О’Нил постигна 19 а Дерек Фејвор 18 кошеви за победа на домашните. Санс се последната екипа на Западот со 18 понбеди и 41 пораз.