Филаделфија победи во продолжувањата, Кливленд ја запиша деветтатa победа со ред

Филаделфија 76ерс ноќта кон средата по продолжувањата ги совладаа Минесота Тимберволфс на нивен терен.

Во редовите на Сиксерс се врати Џоел Имбиид кој беше најдобар стрелец со 28 кошови и кој го доведе мечот во продолжување погодувајќи две слободни фрлања на 14,8 секунди пед крајот. Потоа во продолжувањата постигна седум кошови, вклучително и „тројката“ со којашто Филаделфија мина во водство од седум разлика во последните две минути.

Џеј Џеј Редик додаде 24 поени за Филаделфија. Џими Батлер ги предводеше Тимбеволфс со 38 кошови, а Карл Ентони Тоунс го запиша својот 22 „дабл-дабл“ во кариерата со 17 кошови и 15 скокови.

Феникс Санс се поразени во Лос Анџелес, каде што со 99:92 ги совладаа Клиперс. Домашниот тим до победата го водеа Џорџ Хил и Зак Рандолф со 17 кошови. Најдобар кај Санс, кои играа без Девон Букер, беше Ти Џеј Ворен кој мечот го заврши со 18 кошови, додека Мајк Џејмс додаде 17 поени.

Кливленд Кавалирс стасаа до деветтата последователна победа, откако со 123:114 ги совладаа Атланта Хоукс. Леброн Џејмс за победата постигна 25 поени и го изедначи својот рекорд од 17 асистенции, а на тоа додаде и 7 скокови. Корвер додаде 19 кошови, од кои 6 „тројки“, а Кевин Лав 17 поени со 12 скокови.

Кавалирс постигнаа синоќа 20 „тројки“, што е најмногу на еден меч оваа сезона, а на тоа додадоа и 35 асистенции. Атланта, којашто има 6 победи и 21 пораз, е најлошата екипа во НБА лигата оваа сезона, а ја предводеа Торин Принс со 24 и Кен Бејзмор со 20 поени.

Лос Анџелес Лејкерс беа поразени во продолженијата со 109:113 на домашен паркет од Њујорк Никс. Најдобар стрелец кај гостите, воедно и на дуелот, беше Кристапс Притзингис, кој постина 37 кошови со 11 скокови. Најдобар учинот кај Лејкерс имаше Кентавиус Колдвел-Поуп со 24 погодоци, Кајл Кузма додаде 19 поени.