Филаделфија подобра од Кливленд

Филаделфија 76ерс ноќта кон петокот ги совладаа Кливленд Кавалирс со 108:97 на нивен терен, а Лос Анџелес Лејкерс, исто така, на гости со 131:113 беа подобри од Мајами Хитс.

Најдобар стрелец кај Филаделфија беше Џеј Џеј Редик со 22 кошеви, а Џоел Ембид додаде 17 поени со 14 скокови, додека Бен Сајмонс постигна 18 кошеви. Се чини дека, сепак, клучниот момент на мечот беше во режија на Дарио Шариќ, кој постигна вкупно 16 поени, од кои решавачката „тројка“ на малку повеќе од две минути пред крајот кога Сиксерс дојдоа до водството од 98:94.

На Кливленд не му помогна ниту брилијантниот Леброн Џејмс со неговите 30 кошеви, девет скокови и осум асистенции.

Филаделфија за малку ќе го испуштеше водството од 13 поени во последната четвртина, кога Кавалирс, кои не беа во предност ниту еднаш во текот на мечот, се доближија на само 94:95 по „тројката“ на Кајл Корвер на две минути и 25 секунди пред крајот. Но потоа Сиксерс направија серија од осум поени.

Филаделфија сега со 33 победи и 27 порази е на шестата позиција во Источната конференција.

Лос Анџелес беа убедливи кај Мајами на гости, а до победата ги водеше расположениот Ајзеа Томас со 29 кошеви. Џулиус Рендл додаде 25 поени, Брендон Играм уште 19, а Кентавиус Колдвел-Поуп 18 кошеви. Кај Мајами најдобар беше Двејн Вејд со 25 кошеви, Горан Драгич уфрли 19 а Џастин Винслоу 17 поени.

Мајами водеа единствено во првата четвртина која ја добија со 36:33, а потоа Лејкерс ја преземаа контролата над мечот и не го испуштија водството до крајот. Во овој период Лос Анџелес постигна 21 од следните 25 поени за водство од 54:40 за на полувремето да води со 73:62 и ја зголемуваа оваа предност до 16 поени на средината од третата четвртина. Разликата се зголеми на 22 поени во еден дел од последната делница и не се спушти под 13 кошеви.

Лејкерс со соодносот меѓу победите и проазите од 27-34 се на 11-то место во Западната конференција.

 

 

РЕЗУЛТАТИ:

Мајами Хит – Лос Анџелес Лејкерс 113:131

Кливленд Кавалиерс – Филаделфија 76ерс 97:108

Сакраменто Кингс – Бруклин Нетс 116:111
Портланд Траил Блајзерс – Минесота Тимберволфс 108:99

 

ПЛАСМАН

 

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

 

Атлантска дивизија

 

1. Торонто 43-17
2. Бостон 44-19
3. Филаделфија 33-27
4. Њујорк 24-38
5. Бруклин 20-43

Централна дивизја

1. Кливленд 36-25
2. Индијана 34-27
3. Милвоки 33-28
4. Детроит 29-32
5. Чикаго 20-41

Југоисточна дивизија

1. Вашингтон 36-26
2. Мајами 32-30
3. Шарлот 28-34
4. Атланта 19-43
5. Орландо 18-43

 

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

 

Северозападна дивизија

1. Минесота 38-27
2. Портланд 36-26
3. Оклахома Сити 36-27
4. Денвер 33-28
5. Јута 31-30

Пацифичка дивизија

1. Голден Стејт 48-14
2. ЛА Клиперс 32-28
3. ЛА Лејкерс 27-34
4. Сакраменто 19-43
5. Феникс 19-44

Југозападна дивизија

1. Хјустон 48-13
2. Сан Антонио 36-26
3. Њу Орлеанс 35-26
4. Далас 19-43
5. Мемфис 18-42

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.