Филаделфија подобра од Шарлот, 16-та победа на Хјустон

Кошаркарите на Филаделфија 76ерс во дуелите играни ноќта кон средата во НБА лигата забележаа сигурна победа на гости кај Шарлот Хорнетс со 128:114, додека Хјустон Рокетс ја забележаа 16-та последователна победа.

Најдобар стрелец кај Сиксерс беше Роберт Ковињтон кој мечот го заврши со 22 поени од кои пет „тројки“, а Бен Сајмонс додаде 16 кошеви со 8 скокови и 13 асистенции, забележувајќи го својот 25-ти „дабл-дабл“ ова сезона. Кај Хорнетс најдобар беше Двајт Хауард со 30 кошеви.

До средината на втората четвртина мечот беше израмнет, а потоа Филаделфија направи серија 25:7 и го презема водството. Шарлот потоа ниту еднаш не се заканија. Со сооднос од 35 победи и 28 порази, Филаделфија се наоѓа на шестото место во Источната коференција.

Најдобрата екипа во Западната конференција, Хјустон Рокетс ја забележаа шеснаесеттата последователна победа, на домашен терен над Оклахома Сити Тандерс, со 122:112.

Оклахома Сити заостануваше 19 поени кон средината на последената четвртина пред да ја намали разликата на само осум кошеви, но повеќе од тоа нејзините кошаркари не можеа да сторат.

Крис Пол со 25 кошеви беше најефикасен, а Џејмс Харден додаде „данл-дабл“ со 23 поени и 11 асистенции. Расел Вестбрук ги предодеше Тандерс со 31 погоодоци, а Кармело Ентони додаде 23 поени.

Њу Орлеанс Пеликанс со 121:116 славеа над Лос Анџелес клипер, а до победата ги водеше Ентони Дејвис кој мечот го заврши со 41 поен и 13 скокови, Џру Холидеј додаде 19 кошеви и 17 асисенции за деветтата победа во низа на Пеликанс. Клиперс ги предводеа Лу Вилијам и Тобиас Харис со по 27 кошеви, додека Монтрезл Гарел додаде 26 поени.