Филе: ЕУ е подготвена да ја прифати Украина

Европската комисија ја задржува својата позиција во врска со Украина и го потврдува предлогот за дпримањето на источноевропската држава во составот на Европската унија, истакнал комесарот за проширување Штефан Филе, во интервју за германскиот весник „Ди Влет“.

„Ако сакаме сериозно да го промениме овој дел од источна Европа, ние треба да го примениме најмоќниот инструмент што ЕУ го има на располагање, а тоа е проширувањето“, рекол Филе, додавајќи дека проширувањето на ЕУ поседува „невиден ефективна и стабилизирачка сила“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.